Радио Кочани
Кочани

Реконструирани улици во Кочани, Тркање и Прибачево

616

еновиве заврши реконструкцијата на неколку улици во Кочани и во населените места Тркање и Прибачево.

Реконструиран е дел од улицата „Мите Јорданов“ во селото Тркање, во должина од 200 м, ширина 3, 5 м, со банкини од двете страни.

Рехабилитиран е и крак од улицата „Четврта македонска бригада“ во Кочани, во должина од 170 м, ширина 3 м.

Заврши реконструкцијата и на дел од улицата „Сребрен Димитров“ во Прибачево,  должина 250 м, ширина 3 м.

Градежните работи ги изведе „Стоименов“, според договорот за асфалтирање улици во Општина Кочани, со средства обезбедени од општинскиот буџет во износ од 3.240.435 денари.

 

– По реконструкцијата на овие улици, наредната седмица очекуваме да почнат работите на улицата „Цар Самоил“ во Кочани, којашто е во исклучително лоша состојба. На следната седница на Советот, доколку се усвои ребалансот на Буџетот ќе бидат наменети средства за нови подобрувања во патната инфраструктура на локално ниво – најави в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio