Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Актуелниот градоначалник на Зрновци, Борчо Коцев повторно ќе биде кандидат за градоначалник од редовите ВМРО ДПМНЕ.
Тој оваа функцијаа ја извршува од 2021 година, откако ја доби довербата од граѓаните.
Драги сограѓани, почитувани пријатели и подржувачи со чувство на голема чест, одговорност и мотивација, ја најавувам мојата кандидатура за втор мандат за Градоначалник на Општина ЗрновциВо оваа пригода, сакам да упатам искрена благодарност до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Христијан Мицкоски, и до раководството на нашата партијата за укажаната доверба и поддршкаДовербата е обврска што се гради со дела, чесност, труд и посветеност. Токму со таков пристап, заедно со Вас, граѓаните на Зрновци, чекоревме напред и создававме видливи резултати.Благодарност до Советот на Општина Зрновци, до тимот на локалната самоуправа, до приватниот сектор, земјоделците, младите, учениците, студентите, спортистите, пензионерите – секој успех е заеднички.Решивме децениски проблеми, реализиравме низа важни проекти, инфраструктура, социјални услуги, образовни и земјоделски програми, културни и спортски настани. Сето тоа со јасна визија: модерна, развиена и достоинствена општина Зрновци.Но нашата работа не застанува тука.Влегуваме во нова фаза со уште повеќе енергија, проекти и стремеж за подобро утре за секој жител, посетител и инвеститор во општината.Со силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, со подадена рака од граѓаните, со љубов кон родниот крај, продолжуваме по патот на успехотГи градиме темелите на променитеДоаѓа времето на општина ЗрновциЗРНОВЦИ ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ – И ЌЕ ДОБИЕ ПОВЕЌЕ, се вели во писменото соопштение од Коцев.
