Радио Кочани
Кочани

Вонредната внатрешна ревизија на ОУ „Никола Карев“ – Кочани утврди несовесно работење и злоупотреби

1,644

По барање на вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани Венко Крстевски, внатрешниот ревизор во Општина Кочани изврши вонредна ревизија на работењето на ОУ „Никола Карев“.

Вонредниот ревизорски извештај утврди низа нерегуларности и злоупотреби. Во него стои дека директорот на училиштето свесно предизвикувал злоупотреба на критериумот за распределба на блок-дотациите и свесно создавал долгови, најчесто спрема КЈП „Водовод“.

„Доколку директорот правилно ги распределувал фиксните трошоци самото училиште ќе било со значително помали обврски спрема КЈП ’Водовод‘, навремено ќе биле сервисирани обврските и немало да дојде до блокада на сметката на училиштето што го загрозува нормалното функционирање. На сметка на овие трошоци директорот секоја година ја зголемува ставката договорни услуги и склучува договор на дело со повеќе физички лица, за кои требало да се спроведат јавни набавки“ – стои во ревизорскиот извештај.

Поради констатираното несовесно работење и блокирање на сметката на училиштето, Крстевски  ќе побара од Училишниот одбор престанок на мандатот на директорот на ОУ „Никола Карев“, ревизорскиот извештај ќе го испрати и до Министерството за образование и Државниот просветен инспекторат, а како информација ќе се најде и пред Советот на Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio