Радио Кочани
Кочани

Започна реконструкцијата во Општата болница со проширена дејност – Кочани

5,820

Од денеска официјално започна реконструкцијата на Одделот за физикална терапија при Општата болница со проширена дејност – Кочани.

Додека траат работните обврски, повредените лица кои посетуваат физикална терапија, ќе бидат сместени на Пониква, како и на Одделението за хирургија.

Во моментов во кочанската установа, физикална терапија посетуваат 45 лица, а најмногу изгореници имаат на горните екстремитети.

Деталите се во продолжение од директорката Мирчовска.

Во Општата болница на контрола доаѓаат и пациенти од Штип.

Во однос на тоа како се чустува пациентот истакна дека неговата здравствена состојба секојдневно се подобрува.

Мирчовска додаде дека и во претстојниот период ќе пристигаат донации за нашата болница, а ќе се зголеми и бројот на персонал во однос на утврдените потреби.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio