Радио Кочани
Кочани

Угостителите од Трговскиот центар блок А, со ургентна жалба до Државната комисија за одлучување во втор степен

813

Соопштение од угостителите од Трговски центар Блок А

Ја известуваме јавноста дека имаме поднесено навремена жалба против незаконитото Решение донесено од страна на Општина Кочани, со кое што решение на сила и без никаква правна основа, без правни агрументи и се со цел задоволување на нечии интереси, а на наша штета и на штета на нашите вработени кој што ги прехрануваат своите фамилија, а дополнително на штета кочанската јавност да се изврши уривање на нешто што е градено со макотрпа работа и нешто кое што претставува срцето на градот, за кое нешто до неодамна токму од страна на општината се наплаќаа огромни суми на пари и кое што не преставуваше никаков проблем, а кое нешто стана актуелно и проблем токму по извршениот избор на в.д градоначалникот Венко Крстевски.

Сметаме дека за вакви важни прашања, кој што не засегаат не само нас, нашите вработени, туку и целокупната економија и движење во овој дел од градот, треба подолг веменски период, евентуалните проблеми да се решаваат со правни аргументи и факти, со дијалог и во разумен временски период, без брзање и притисоци и закани за уривање и уништување на она што претставува централно градско подрачје.

Воедно ве информираме дека по поднесената жалба, до Дражвната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка имаме доставено и Ургенција за побрзо постапување по претходно поднесената жалба, која што е уредно примена на ден 12.06.2025 година, како резултат на определеното уште еднаш апелираме и упатуваме повик до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постпака да ги има во предвид нашите наводи изнесени во жалбата и да одлучи во најбрз можен рок се со цел да се спречи нанесување на директна штета во износи од неколку стотици илјади евра, а која што штета за жал повторно ќе треба да падне на товар на Општина Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio