Радио Кочани
Кочани

Изборна навика или политичка нестабилност? Македонија со 25 избори за 35 години

150

Во текот на 35-те години од прогласувањето на независноста, граѓаните на Македонија излегле на избори вкупно 25 пати.

Според податоците, единаесет пати се гласало за составот на парламентот, седум пати за избор на претседател на државата, а исто толку пати и за локалната власт.

Ако се пресмета, тоа значи дека избори во Македонија се одржуваат во просек на секои 16,8 месеци – што претставува речиси една и пол година меѓу два изборни процеса.

Овој факт, покрај тоа што говори за динамичноста на политичката сцена, отвора и прашања за стабилноста на институциите и изборниот систем.

Како што би рекол добар афористичар: наместо „Северна“, можеби поприкладно би било државата да се преименува во „Изборна Република Македонија“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio