Радио Кочани
Кочани

Зрновци – Проширен и уреден планинскиот пат до м.в. „Дивичин вир“

316
Со комплетно уредување и проширување на постоечкиот планински пат Зрновци-м.в. Дивичен вир во должина од 6 километри и продолжување на нова траса до територија на општина Радовиш во должина од 3,5 километри, Општина Зрновци се поврзува со останати патни правци на три општини, воедно ги отвара портите на рајската природа и убавина на планината Плачковица и река Зрновка, наведува на фб статус градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
„На задоволство на сите граѓани, посетители, спортисти и љубители на природата, доскорешниот тешко прооден патен правец станува минато.
Во иднина овој уреден планински патен правец овозможува пристап до длабочините и височините на Плачковица и со моторни возила, за нашите највозрасни, а и најмлади сограѓанини.
Во време кога на секој еден му е потребно еколошко место за рекреирање, спортување, мир и спокој, општина Зрновци ги нуди на дланка своите прекрасни природни убавини.
Изградбата и овозможување на патна инфраструктура од ваков тип е само почеток на значителен развој во делот на туризамот, авантуристички спортови и рекреирање во здрава и чиста еколошка средина“, потенцира Коцев.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio