Радио Кочани
Кочани

В сабота, 7 јуни – „Пешачењето е здравје“

142

В сабота, на 7 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани организира пешачење низ падините на Осоговските Планини.

Стартот на пешачењето е во 8 ч. од СРЦ „Бавчалук“, а ќе се оди преку Црвена Нива и Лешки до браната Гратче. Движењето ќе биде во група што ќе ја водат членови од КПС „Осоговски орел“, а во активноста можат да се вклучат сите заинтересирани коишто се физички подготвени да поминат среднотешка патека.

Заинтересираните граѓанки и граѓани треба да го пријават учеството кај претседателот/секретарот на КПС „Осоговски орел“, на телефонските броеви 078 450 727 и 075 326 016.

Активноста „Пешачењето е здравје“ се реализира по петти пат, согласно Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2025 г. и има за цел да ја промовира физичката активност како фактор за добро здравје.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio