Радио Кочани
Кочани

40 ГОДИНИ ВИНИЧКО КАЛЕ- 40 ГОДИНИ ТЕРАКОТНИ ИКОНИ

145
Музеј „Теракота“ Виница го одбележа јубилејот 40 години од откривањето на Теракотните икони.
На манифестацијата по тој повод директорката на музејот Сара Даневска во име на музеј „Теракота“ додели благодарници на институции и поединци кои давале и даваат голема подрашка на активностите кои се спроведуваат од страна на музеј „Теракота“.

Теракотните икони и виничкото Кале се белег за нашиот град, со кој нема виничанец кој не се гордее. Со својата содржина и облик се светска реткост од ранохристијанската археологија и како такви се репрезент во светот на Виница и на Македонија.
Настанот беше збогатен со музички настапи на виничката група од Здружение на пензионери, како и на дуото Добрила и Дориан.
По завршување на официјалниот дел гостите на настанот и публиката имаа можност да уживаат во музиката на BILLY ESTEBAN.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio