Радио Кочани
Кочани

ГФК „Осогово“ – В недела „Драганица куп“ по 19 – ти пат

175

Почитувани,

ГФК Осогово и оваа година по 19-ти пат по ред ќе го организира меморијалниот турнир за младинци посветен на Драган Михајлов-Драганица. Турнирот ке се одигра на 01.06.2025 год (недела ) на градскиот стадион ,,Никола Мантов,,во Кочани.

Оваа година покрај домакинот Осогово ке учествуваат и екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп и екипата на Вихрен од Сандански-Република Бугарија.

Предвидено е турнирот да започне во 10 часот ,а претходно во 09.30 да се одржи  ждребување. За во 15 часот е планирано да се одигра финалето ,а после тоа следува доделување на награди за најдобрите.

Повик до сите љубители на фудбалот и симпатизери на Осогово да дојдат во недела на градскиот стадион и да навиваме заедно за нашите млади надежи.

Аванти Осогово.
© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio