Радио Кочани
Кочани

,,Амфенол Технолоџи Македонија“ отвори нов производствен капацитет

2,049

Водечката компанија во регионот ,,Амфенол Технолоџи Македонија“ го проширува производството. Отворена е десеттата по ред Производна Единица – ATM/FEP.

Во овој нов капацитет ќе се произведуваат електрични компоненти за автомобилската индустрија, а крајни купувачи на деловите произведени во ATM/FEP се врвните светски производители на возила.

Најновата Производна Единица е опремена со најсофистицирана опрема, а целокупното производство е наменето за најновите модели на електрични возила на најпознатите светски автомобилски брендови.

Со својот најнов проект FEP -,,Амфенол Технолоџи Македонија” непосредно е во тек со најновите трендови во автомобилската индустрија.

Проширувањето на производството на ,,Амфенол“ отвара нови перспективи за развојот на компанијата.

Со зголемувањето на бројот на капацитетите се отвара и можност за нови вработувања, а бенефит ќе имаат и локалната и националната економија, во кои ,,Амфенол Технолоџи Македонија“ е респектабилен фактор и има значаен придонес.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio