Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, 21 мај, од 09 до 12 часот поради изведување технички активности ќе биде пренасочен сообраќајот на експресниот пат А3 Штип – Кочани од клучката Крупиште, до клучката Кочани.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе го пренасочува сообраќајот во тој период на стариот пат Штип – Кочани.
МВР апелира до сите граѓани, учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за изменетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
