Радио Кочани
Кочани

Започна реконструкцијата на главниот доводен цевковод во општина Зрновци

231

Локалната самоуправа на општина Зрновци започна со реализација на значаен инфраструктурен проект – „Реконструкција на главен доводен цевковод на водоснабдителен систем за домаќинствата“. Станува збор за проект од витално значење за сите жители, кој претставува еден од најсложените за изведба во делот на комуналната инфраструктура, имајќи ја предвид конфигурацијата и пристапноста на теренот.

Во рамките на реконструкцијата се врши инсталирање на нови цевки со соодветна дебелина и јачина, со цел поефикасна дистрибуција на вода до трите населени места во општината. Поради овие градежни активности, жителите на селото Зрновци, поточно домаќинствата лоцирани јужно и западно од улицата Илинденска, ќе имаат прекин во водоснабдувањето на 20 и 21 мај 2025 година (вторник и среда).

Проектот е финансиран со средства во износ од 2.750.000 денари, обезбедени од Владата на Република Македонија. Од општината упатуваат благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката и разбирањето на потребите на локалните самоуправи.

Со оваа реконструкција се решава долгогодишен проблем со водоснабдувањето, кој произлегуваше од застарената мрежа и честите дефекти. Истовремено, ќе се намалат и трошоците за санација кои досега ги сносеше Јавното комунално претпријатие „Водна кула“.

Од Општина Зрновци апелираат до граѓаните за разбирање и трпение во деновите кога ќе има прекин во водоснабдувањето, со уверување дека проектот ќе донесе трајно решение и подобрување на квалитетот на живот во општината.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio