Радио Кочани
Кочани

ЖФК Кочани нов шампион во Втората лига – следната сезона ќе играат во Прва лига

276

Фудбалерките на ЖФК Кочани го освоија шампионскиот трофеј во Втората македонска женска фудбалска лига и со тоа обезбедија директна промоција во елитното друштво – Првата женска фудбалска лига на Македонија.

Со одлични настапи низ целата сезона, тимот од Кочани покажа доминација, борбеност и голема спортска зрелост, освојувајќи ја титулата и обезбедувајќи пласман меѓу најдобрите клубови во земјава.

Ова е успех за клубот и мотив за уште посериозни подготовки пред предизвиците што ги носи Првата лига.

Управата на клубот им се заблагодари на фудбалерките, стручниот штаб и навивачите за поддршката, со пораката дека ова е само почеток на една нова успешна приказна за женскиот фудбал во Кочани.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio