Радио Кочани
Кочани

Кочани застана во тишина: Почит за 62-те млади животи згаснати во „Пулс“ од над 300 велосипедисти…

1,330

Точно во 12:05 часот, Кочани застана. Пред зградата на некогашната дискотека „Пулс“, граѓани, родители и спортисти оддадоа почит на 62-те млади животи изгубени во трагичниот пожар на 16 март. Едноминутниот молк беше симбол на задоцнетата институционална реакција, но и гласна порака за правда и одговорност.

Во заедничка акција, локалната самоуправа и родителите на настраданите организираа велосипедска тура во која учествуваа над 300 учесници. Меѓу нив беа и тркачи, деца и млади спортисти.

„Дали навистина треба трагедија за да се сплотиме? Да си бидеме поддршка, да сме заедно? Овде сме, не се откажуваме, ќе се бориме. Заслужуваме одговори и ќе инсистираме на нив,“ изјави Жаклина Пауновска-Ангеловиќ,овластен сообраќаен инспектор во Општина Кочани .

Тишина што зборува повеќе од зборови

Градот и по речиси два месеца останува завиен во болка. Кочанчани велат дека ќе бидат потребни години, можеби и децении, за животот да се врати во нормала. Трагедијата остави неизбришлива рана, а спомените за младите што ги загубија животите, сѐ уште се свежи.

„Безбедноста ни е приоритет. Многу мали деца се дел од дефилето, мораме да бидеме внимателни,“ рече еден од родителите организатори.

Истрагата во тек – одговорноста сѐ уште недостижна

Како што претходно информираше јавниот обвинител Коцевски, истрагата за несреќата во дискотеката „Пулс“ е во завршна фаза и се очекува да биде комплетирана до 17 јуни. На случајот работат 13 јавни обвинители, а моментално истрагата се води за кривично дело – „тешки дела против општата сигурност“.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio