Радио Кочани
Кочани

40 дена тишина – Кочани се обединува во чест на загинатите

636

Кошаркарскиот клуб Баскет Дино годинава го одбележува својот 21-ви роденден. Наместо да слави успеси, клубот го дочекува овој јубилеј во знак на жалост и сочувство.

Трагичниот настан што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 62 животи – меѓу нив и млади кошаркари, пријатели и членови на кошаркарската заедница.

Во чест на загинатите, во четврток на 24 април 2025 година, во 20:00 часот, во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ ќе се одржи хуманитарен кошаркарски натпревар организиран од КК Баскет Дино.

На паркетот ќе застанат поранешни и сегашни кошаркари, обединети преку спортот, љубовта и спомените. Сите средства собрани од продажбата на влезници ќе бидат донирани на семејствата на настраданите. Натпреварот претставува повеќе од спортски настан – тој е симбол на сплотеност, човечност и длабока почит кон сите изгубени животи. Секој билет ќе биде повеќе од влез – ќе биде порака на сочувство, солидарност и љубов. Да не заборавиме. Да бидеме едно.

За нив. За нас. За Кочани !

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio