Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Пожар во куќа во с. Зрновци изгаснат без повредени лица
Денеска (02.04.2025) во 00.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Зрновци, кочанско, настанал пожар во куќа, сопственост на Р.К. (85).
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.
Повредени лица нема.
Извршен бил увид од ОВР Кочани.