Радио Кочани
Кочани

Мицкоски: Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани

573
За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи.
Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на Владата и министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата коишто се тука денеска со нас и можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот коишто следи за сето останато коешто веќе беше кажано не би сакал да се повторувам, што е направено и што допрва ќе следи.
Така што уште еднаш ќе им посакам долго користење и среќа на новите станари на овие станови.“

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе