Радио Кочани
Кочани

Панел дискусија „Европеизација на Македонија – Дали сме на добар пат?” во организација на Ротари клубот Кочани-Виница

574

Вечерва, Ротари клубот Кочани-Виница и Панeвропска Унија на Македонија  во „Прогресив Академија Виница“ одржаа панел дискусија  на тема „Европеизација на Македонија – Дали сме на добар пат?”.

На настанот присуствуваа членови на клубот, лици од бизнис секторот, познати политички имиња и аналитичари од државата, градоначалниците на двете општини, Претседателот на Паневропската Унија на Македонија, Амбасадорот Андреј Лепавцов како и директории на истицуции.

Панелисти на дискустијата беа  Марјан Ѓорчев – Амбасадор и поранешен министер, Глигор Цветанов – Генерален директор на „Макпрогрес“ – Виница и член на Ротари Клуб Кочани-Виница, Марјан Бојаџиев – Ректор на Американ Колеџ – Скопје, Љубомир Кекеновски – Професор на Економски Факултет – Скопје  и Александар Шопов – Судија во Апелационен суд – Скопје и член на Ротари Клуб Велес.

За заклучоците од панел дискусијата зборуваше претседателката на Ротари клубот Кочани-Виница, Ангела Соколова.

На панел дискусијата беа истакнати искуства во врска со реалните и искористените можности на нашата земја: економските, еколошките, инфраструктурните, урбано – руралните, спортско-рекреативните и други.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе