Радио Кочани
Кочани

ОМУ „Ристо Јуруков“ го реализираше концертот „За нашите мајки“

199

Учениците и професорите од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ вчеравечер го одржаа празничниот концер со наслов „За нашите мајки“.

Настанот се реализираше во големата сала на Мултикултурниот центар, при што предизвика големо внимание на публиката, а која со силен аплаус ги подржуваше малите музичари.

Директорката на училиштето Марија Лазарова истакан дека концертот го реазлираат трета година по ред, а целта е да се прикаже значењето на мајката.

На концертот учествуваа учениците од сите класи при училиштето, а тоа се гитара, хармоника, флејта, пијано, орекестарот на традициски инструменти, како и хорот при нашето училиште.

Мислам дека ова беше една прекрасна честитка за сите мајки и за сите оние кои  беа со нас заедно.

Се надевам дека и во иднина ќе ја зачуваме оваа традиција по повод празникот на жената, истакна Марија Лазарова, директорка на ОМУ „Ристо Јуруков”.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio