Радио Кочани
Кочани

80 години МАКЕДОНИЈА осигурување – ВИГ – Дом на доверба и сигурност

260

Од 1 март 2025 – МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп започна со гордост да ја одбележува својата 80-годишнина – осум децении исполнети со посветеност, сигурност и доверба.

Од своето основање на 1 март 1945 година, веднаш по ослободувањето, компанијата раснеше заедно со државата, станувајќи симбол на стабилност и заштита за генерации граѓани.

Иако низ годините го менуваше своето име, МАКЕДОНИЈА осигурување – Виена Иншуренс Груп секогаш остана верна на својата мисија – да биде сигурен партнер на своите клиенти, семејства и компании во секој важен момент.

За 80 години, без разлика на предизвиците и промените, нашите клиенти секогаш знаеја кога се сигурни.

По повод овој значаен јубилеј, претседателот на Управниот одбор и генерален менаџер, г. Бошко Андов, ја истакна важноста на довербата што клиентите ја имаат во компанијата:

Чест ми е да ја одбележиме оваа голема годишнина со сите наши клиенти, партнери и вработени – минати и сегашни.

Вашата доверба ни беше и останува најголемата вредност. Со 80 години искуство, продолжуваме посветено да нудиме сигурност, стабилност и заштита за идните генерации.

Оваа година е особено значајна бидејќи, покрај 80 години јубилеј на МАКЕДОНИЈА осигурување е и 200 години јубилеј на Wiener Stadtische Versicherungsverein.

Овие два јубилеи се одраз на долгата традиција, искуство и сигурност што компанијата и групацијата ги носат на своите клиенти – доказ дека сигурноста и довербата се темели на кои се гради долгорочен успех.

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна.

Годишнината ќе биде проследена со низа активности, вклучувајќи специјални кампањи, хуманитарни акции и проекти насочени кон унапредување на заедницата.

Прославата започна со средба и свечен настан кој ги обедини сегашните и поранешните вработени – луѓето кои со својата посветеност ја градеа оваа куќа на доверба.

Во текот на годината, МАКЕДОНИЈА осигурување – ВИГ ќе организира и јавни настани кои ќе ја нагласат важноста на заедништвото и сигурноста, вредности што компанијата ги негува веќе осум децении.

МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје Виена Иншуренс Груп е во самите темели на сигурноста, довербата и финансиската стабилност на дејноста осигурување во Република  Македонија.

Првата осигурителна компанија со најголемо искуство и експертиза локално, чии почетоци се уште од 1945 година како државен завод, со преку дведецениско интернационално влијание и знаење, денес е стабилна институција во рамките на моќна австриска групација.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе