Радио Кочани
Кочани

„Во очи на Свети Атанасиј“ – концерт на Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ – Оризари

531

ФА „Осоговски извор“ – Оризари, вечерва во Домот на културата во Оризари  го одржа вториот концерт, насловен како „Во очи на Свети Атанасиј“.

Поводот за организацијата претставуваше празникот „Св. Атанасиј“, кој се одбележува на 31 јануари.

Фолклористите се претставија со стари музички изведби и обичаи од Осоговијата, а преполната сала беше најголемата потврда за успешно организираната манифестација.

На настанот учествуваа и ФА „Китка“ – Истибања, АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани, како и ФА „Бучим“ – Радовиш.

Инаку, ФА „Осоговски извор“ беше реактивиран во месец ноември 2023 година.  Денес ансамблот го сочинуваат млади музичари кои на професионален план ја негуваат македонската изворна музика.

Нивниот  успех го потврдуваат признанијата кои ги добиваат и овациите од страна на публиката.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе