Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Утре, сабота, со почеток во 11 часот во Спортската сала на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари по 8. пат ќе се одржи традиционалниот фудбалски турнир во сала „Св. Атанасиј Велики“.
Право на учество имаат играчи родени 2011 година, а освен организаторот – „Академија Тошев“, на турнирот ќе учествуваат и екипите на „Осогово“, „Фудбал Старс“ и „Каменица Саса“.