Радио Кочани
Кочани

Јануарска крводарителска акција – собрани 36 крвни единици

177
Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јануарска крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 36 крводарители од нив 8 првократни и 13 лица до 30 годиншна возраст.
Акцијата е 1-ва што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.
-Согласно годишниот план за крводарителски акции, во 2025 година планирано е да се реализираат 20 акции за дарување на крв. Дванаесет од нив се редовни, во просториите на Црвен крст Кочани, секој последен четврток во месецот. Три крводарителски акции се планирани со Одделението за внатрешни работи – Кочани, две младински акции со средните училишта, во Општина Зрновци како и со компании од приватниот сектор, истакнаа од Црвен крст Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе