Радио Кочани
Кочани

Општина Зрновци започнува со модернизација и развој на јавното осветлување…

430

На почетокот на 2025 година, општина Зрновци го започнa реализирањето на проектот за модернизација, реконструкција и развој на јавното осветлување на својата територија.

Проектот има за цел инсталирање на смарт систем кој ќе овозможи паметно и штедливо управување со електричната енергија за осветлувањето, што ќе донесе значителни подобрувања за сите граѓани и посетители на општината.

Со оваа иновација, општината ќе ги надмине старите проблеми со уличната мрежа, заменувајќи ги постоечките сијалици со нови, високо енергетски ефикасни ЛЕД рефлектори.

Проектот предвидува оптимизација на системот за јавно осветлување, што ќе доведе до значителна заштеда на енергија и намалување на оперативните трошоци.

Клучни цели на проектот:

  • Оптимизација и ефикасно управување со системот за јавно осветлување
  • Реконструкција и модернизација на осветлувањето
  • Намалување на трошоците за работа и заштеда на електрична енергија
  • Зголемување на атрактивноста на општината

Реализацијата на проектот се очекува да има долгорочни позитивни ефекти, како што се значително подобрување на изгледот на општината, зголемена безбедност во сообраќајот во текот на ноќта, и зголемена сигурност за жителите. Исто така, се очекува значителна заштита на животната средина, како и намалување на идните оперативни трошоци.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе