Радио Кочани
Кочани

КЈП Водовод Кочани започна со акција за чистење на диви, мини депонии на територијата на градот…

799

КЈП Водовод Кочани започна со акција за чистење на диви, мини депонии на територијата на градот.

Оваа акција ќе се одвива во континуитет и во истата е вклучена неопходната механизација и човечки потенцијал кој ни е располагање.

Акцијата е започната од најфреквентните локации, со особен акцент на ударните места како што е градскиот пазар.

Во постојана комуникација сме со одделение за комунални дејности и инспекциски служби од Општина Кочани, кои ќе преземаат мерки согласно нивните надлежности.

Заеднички апелираме за подигање на свеста и културата во делот на исфрлање на отпадот и потенцираме дека се соочуваме со уништување на дел од контејнерите и тезгите во градскиот пазар.

Сите оштетени контејнери ќе бидат однесени на поправка, а ќе поставиме и нови дополнителни контејнери во координација со општината.

Ги повикуваме сите граѓани кои што се соочуваат со било какви проблеми или прашања да се обратат во Центарот за односи со корисници кој функционира во составот на КЈП Водовод Кочани, со цел за наша понатамошно постоење.

Со почит, КЈП ВОДОВОД КОЧАНИ…

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе