Радио Кочани
Кочани

ЈОУ Библиотека „Искра“ – На 22 јануари промоција на книга и изложба

77
ЈОУ Библиотека „Искра“ во соработка со Државен архив и Институтот за национална историја, во среда 22 јануари 2025 година, во 12 часот организираат промоција на книгата „Писмата на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (Историја на една мистификација)“ од авторот д-р Бранислав Светозаревиќ, во издание на Државен архив.

 Истиот ден е предвидено и отварање на изложбата: „Асном-израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, посветена на еден значаен јубилеј, 80 години од одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија -АСНОМ.
Изложбата ќе биде поставена до 1 февруари 2025 година, сите заинтересирани граѓани и ученици ќе можат да ја посетат од 7 до 18 часот, секој работен ден.
© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе