Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
Утре 23 ноември, сабота, во спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“, ќе се одржи 24. издание на Меморијалниот меѓународен турнир во борење слободен стил „Легендите на Спартак“.
Свеченото отворање на настанот е закажано за во 14:30 часот, а половина час подоцна се и финалните борби.
На овогодинешното натпреварување, ќе учествуваат борачи и клубови од Македонија, Албанија, Косово и Бугарија.
Турнирот го организира БК „Спартак“ со поддршка од Боречката федерација на Македонија и Локалната самоупрва на Кочани.