Радио Кочани
Кочани

Европа ја препозна слабоста на ТППЕ во државата – Германската покраина Баварија донираше возило и опрема за ДПД – Кочани

1,210

Европа ја препозна слабоста на ТППЕ во државата, а особено во Кочани, кога на 16 март во дискотеката „Пулс“ избувна пожар и  загинаа 62 млади лица.

Германската Амбасада на ДПД – Кочани, донираше навално противпожарно возило марка „Магирус“, како и огромна количина на опрема за пожарникарите.

Од Германската Амбасада во Скопје за донацијата зборуваше Доменик Кеберлин, Јурген Вајс од Покраинскиот противпожарен сојуз на Баварија, а изјва за медиумите дадао и претседателот на ДПД – Кочани, Златко Илијев, како и Командирот на ТППЕ – Кочани.

Донацијата од Баварија не е само опрема – тоа е поддршка, солидарност и верба во хуманата мисија на пожарникарите од Кочани.

Со оваа помош, тие добиваат не само средства, туку и поттик за уште посилно да го чуваат она што е највредно – човечкиот живот.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio