Радио Кочани
Кочани

Утре – четврти протестен марш во Кочани на семејствата на настраданите во „Пулс“

710

ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека семејствата на починатите  организираат  МАРШ  ЗА АНЃЕЛИТЕ на ден 26.04.2025 година со почеток во 12 и 05 минути (задоцнета реакција). 

Собирно место на маршот е Градскиот парк во Кочани истиот ке продолжи  кон  Трговскиот центар  во Кочани. Толпата од луѓе ќе застане во Трговскиот Центар како знак дека местото на  покојните им е во Трговскиот Центар , за да потоа продолжи кон Општина Кочани заради изразување на револт кон институционалното работење, ке продолжи кон МВР  за да им посочиме дека задоцнија со реакција во секоја смисла на зборот  и ке продолжи пред Основен суд Кочани барајки отчет за сработеното и  неселективна правда.

            За маршот уредно се известени сите надлежни органи.

            Вас како медиум ВИ го испраќаме ова  известување со цел да ве запознаеме за одржувањето на МАРШОТ со молба да ова известување го проследите во јавноста, а причината за известувањето е во фактот што сакаме јасно да потенцираме дека ние сме согласни да се врши снимање на настанот со цел јавноста да знае дека за правдата на нашите деца ке се бориме до крај и нема да застанеме ниту за момент. На Маршот може да се приклучат сите граѓани на Македонија  кои сакаат да изразат поддршка на родителите на покојните и почит спрема покојните.

            Најискрено ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да се врши само снимање и во целост да се почитува приватноста и болката на семејствата.

            ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ дека маршот е единствено  организиран од семејствата на починатите во пожарот во Кочани,  и ги ПОВИКУВАМЕ сите ГРАЃАНИ  да ни се приклучат.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio