Радио Кочани
Кочани

На 27 октомври ќе се одржи „Гратче треил“ во организација на КПС „Осоговски орел“

113

Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и годинава продолжува со организација на настанот планинско трчање  „Гратче траил“, кое ќе се одржи на 27 октомври.

Патеките ќе поминуваат низ разновиден планински пејзажи,  шума, ливади, селски маала и природни извори околу езерото Гратче.

Патеките по кои ке се трча се „Гратче траил 30“ и „Гратче траил 12“.

Првата, стартува од паркингот на браната Гратче и поминува покрај водопадите на Голема Река – Горно Гратче – рампа – Крушка – Голема Река – Бабиште – Јастребник – брана Гратче. Вкупна должина на патеката е 30км.

Втората почнува од истата локација, како и првата, па продолжува кон Водопадите на Голема Река – Горно Гратче – рампа- врвот Мактеон и крајната цел е брана Гратче. Вкупна должина на патеката изнесува 12км.

За учесниците ќе бидат организирани повеќе пунктови за вода, освежување и насочување кон патеките .

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio