Радио Кочани
Кочани

Фондација Прогресив Академија Виница го зајакнува младинскиот капацитет преку кариерно советување и обуки за претприемништво

398

Фондација Прогресив Академија, во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, успешно спроведе серија индивидуални сесии за кариерно советување, наменети за млади лица. Овие сесии имаат за цел да ги насочат и поддржат младите луѓе да носат кариерни одлуки, а на сите учесници им беа доделени сертификати.

„Дефинитивно ќе ги паметам сите совети што ги добив, ќе ги раскажувам и ќе препорачувам кариерно советување. Никогаш нема да биде само еден момент во кој ќе одлучиме што сакаме да бидеме. Тоа е пат кој има свои составни делови, свои скали. Така што не пропуштајте ниту едно скалило, ниту една можност која би ви помогнала да дојдете до таа одлука“, истакна Ана Арсова една од учесничките на сесиите за кариерно советување.

Кариерното советување претставува важен чекор за секој млад човек, бидејќи им помага да ги идентификуваат своите таленти, интереси и кариерни можности. Во време кога младите се соочуваат со бројни избори и очекувања, кариерното советување овозможува нивно правилно насочување, со цел да се донесат информирани одлуки кои ќе водат до личен и професионален успех.

„Преку ваков вид на менторство, младите се поттикнати да ја истражуваат својата автентичност и да ги развиваат и професионалните и личните вредности“, истакна Ивана Темелковска, кариерен советник.

Во следниот период Прогресив Академија организира бесплатна обука за идни претприемачи на возраст од 16 до 29 години, кои доаѓаат од источниот регион на Северна Македонија. Оваа обука е одлична можност за младите да ги развијат своите претприемачки вештини и да ги трансформираат своите идеи во успешни бизниси. Сите заинтересирани, можат да се пријават на следниот линк, најдоцна до 12. октомври: Бесплатна обука за започнување на бизнис

Покрај обуката, најдобрите осум учесници ќе добијат ексклузивна можност за индивидуално менторство со искусни експерти. Заедно со менторите, учесниците ќе имаат шанса да креираат иновативни и структуирани бизнис планови кои ќе ги подготват за понатамошен успех во светот на претприемништвото.

Сесиите за кариерно советување и обуките кои следуваат се дел од иницијативата „Градење отпорни младински заедници за посветла иднина“, која се реализира како дел од Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности. Иницијативата обезбедува обуки и практикантски програми, кариерно советување и менторство за стартапи, истовремено поддржувајќи родова еднаквост и зелена економија, а со цел да ги поддржи младите да ги развијат своите вештини и да го остварат својот целосен потенцијал.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio