Радио Кочани
Кочани

Филип Филиповски во посета на хидросистемот „Брегалница“: Водата – клуч за успешна земјоделска сезона

382

 Директорот на Водостопанство Филип Филиповски  денес оствари посета на подружницата „Брегалница“ во Кочани, еден од најзначајните хидросистеми за наводнување во Источна Македонија. Системот обезбедува вода за илјадници хектари земјоделски површини, а централна точка претставува акумулацијата Калиманци – клучен воден резервоар за целиот регион.

Во рамки на посетата, се одржа средба со земјоделци од селата Чешиново, Мојанци и Грдовци. Разговорите беа фокусирани на рационалното користење на водата за наводнување, како и на потребата од подобра координација и вмрежување меѓу самите водокорисници.

Пораката до земјоделците беше јасна – водата е од суштинско значење за стабилна и плодна земјоделска сезона. И покрај предизвиците поврзани со моменталниот водостој, се изрази надеж дека пролетните дождови ќе го подобрат хидролошкиот биланс и ќе овозможат непречено наводнување, без намалување на обработливите површини.

Надлежните упатија апел до сите земјоделци за меѓусебно разбирање, рационално управување со водните ресурси и активно учество во процесите на здружување и вмрежување, со цел заедничко обезбедување на успешна земјоделска година.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio