Радио Кочани
Кочани

Немало пари за „Мој ДДВ“ – ќе се чека гласањето на ребалансот на Буџетот…

289

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова, рече дека исплатата не може да почне додека не помине ребалансот бидејќи не биле испланирани доволно средства за цела 2024 година

Исплатата на паричните средства од „Мој ДДВ“ за периодот април, мај и јуни нема да започне пред да се донесе ребалансот на Буџетот за 2024 година бидејќи, како што вели директорката на Управата за јавни приходи Петрова, во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени доволно средства за исплата. Затоа, вели таа, неопходно е носењето на ребалансот пред да се започне со исплатата на парите за второто тримесечје.

Денеска во Собранието продолжи амандманската расправа за ребалансот. На предлог ребалансот се поднесени вкупно 58 амандмани, а вчера не беше прифатен амандманот поднесен од СДСМ со кој се бараше да се обезбедат 200 милиони евра за зголемување на платите и надоместоците согласно обврските од законската регулатива и потпишаните колективни договори.

Денеска, пак, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, изјави дека со предлог ребалансот на Буџетот ќе започнат клучни промени во здравството бидејќи на овој начин ќе се обезбедат финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе