Радио Кочани
Кочани

Ангелов – Повеќето пожари во земјава се подметнати

417

Вчера на територијата на државата имаше вкупно 46 пожари, од кои 27 целосно се изгаснати. Под контрола се 5 тешки пожари, а во моментов активни се 14.

Според првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарникарите работеле во текот на целата ноќ и со поддршка на јавните комунални претпријатија и тешка механизација, со поддршка на локалното население, направиле вистински подвиг и ставиле под контрола дел од пожарите и обезбедиле повеќе населени места.

– Апелирам до сите сопственици на куќи и викендици во планински и напуштени села, да направат мек противпожарен појас околу имотите. Истовремено, ги повикувам сите жители на селата кои можат да бидат зафатени од пожари, да направат противпожарни појаси околу селата, широки по 20 метри, ораници од големи трактори и некаде да се исчисти со булдожер. Не можеме да претпоставиме каде ќе избие нов пожар. Проблем е силниот ветер, кажа Ангелов во видео-обраќање.

Исто така, апелираше до сите земјоделци да прекинат со палењето на стрништа и пасишта, бидејќи, како што вели, тоа може да биде како обид за убиство.

– Повеќето пожари се намерно подметнати, но вчера детектирав и појава на пожари од искрење на електрични жици, додаде Ангелов.

Во многу села очајните сопственици не сакаат да ги напуштат своите домови бидејки се се’ што имаат тие. Но, сепак животот и здравјето секогаш треба да бидат на прво место. Останувањето во куќа околу која беснее оган може да доведе до трагични последици. Вакви примери вчера имаше на повеќе места вклучително и во светиниколското село Немањица, споделија од ЦУК.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе