Радио Кочани
Кочани

Отворена Младинска канцеларија во МКЦ Кочани

730

Денеска во Мултикултурниот центар во Кочани беше отворена Младинска канцеларија од страна на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница.
Уредувањето и опремувањето е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).


На денешниот настан со младите од источниот регион се дискутираше за придобивките и потребата од нивното вклучување во развојот на локалните заедници, кои ја истакнаа важноста и потребата за Младинскиот центар како простор за интеграција со свој врснички круг, каде ќе ги споделуваат своите идеи, искуства и интереси.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе