Радио Кочани
Кочани

Меѓу триесетината момчиња кој скокаа во водите на кочанска река , Александар Јанков  го фати живототворниот крст во водите на кочанска река

2,196

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, од страна на свештенослужителите од Црковниот храм „Св. великомаченик Георгиј“ од Крушарскиот Мост во Кочани беа осветени водите во Кочанската Река, заедно со Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион кој го потопи Светиот крст во Кочанската Река.

 

Меѓу триесетината момчиња кој скокаа во водите на кочанска река , Александар Јанков  беше највешт и за втор во својот живот успеа да го фати живототворниот крст.

-Со верба во Бога успеав да го фатам крстот. секоја година учествувам на оваа манифестација и за втро  пат успеав. Со смирение и божја помош, се е лесно. Порачувам да го славиме Бога, рече Јанков.

 

Оваа година од вкупно 31-те пријавени, на најсреќниот кој успеа прв да го извади Светиот крст од водите на Кочанска Река, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов му подари златник, Зегин ваучер, а доби и други пригодни подароци.

Д.Михајлов

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе