Радио Кочани
Кочани

КОЧАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ОДРЖАА ПРОТЕСТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК , НЕ ОТСТАПУВААТ ОД БАРАЊАТА ЗА ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ…

1,517

Дел од кочанските пензионери денеска повторно одржаа протест во градскиот парк, за да јавно ги изразат барањата за повисоки пензии. Овој протест следува по трите собири и блокирање на кочанските улици кои кочанските пензионери ги имаа во текот на октомври.

– Протестите немаат никаква политичка или партиска позадина, но секој пат баравме поддршка од сите политички партии. За жал, партијата на власт, ниту еднаш не нè удостои да застане тука со нас.

Но ние остануваме достојни и истрајни со нашите ставови.  Колку и да сме песимисти нашиот глас за достоинствен живот стигна и до меѓународните институции, порачаа кочанските пензионери на денешниов протест.

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе