Радио Кочани
Кочани

Општина Кочани обезбеди училиштен прибор за ученици во социјален ризик

513

Во рамките на Програмата за поддршка на образованието за 2023 година, Општина Кочани обезбеди училиштен прибор за ученици во социјален ризик.

Денес, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го посети ОУ „Раде Кратовче“  каде се сретна со учениците и им ги подели училишните пакети.

Школски прибор ќе добијат 225 ученици од I до IX одделение од петте основни училишта во Кочани.

Училишниот прибор е обезбеден во согласност со одобрениот буџет, а по доставени податоци од училиштата до Општина Кочани.

© 2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе