Радио Кочани
Кочани

ИЗГОРЕА 2,5 КИЛОМЕТРИ ДРВЕНИ ПРАГОВИ НА ПРУГАТА ВЕЛЕС – КОЧАНИ

3,094

Пожарот кој во неделата доцна вечерта ја зафати шумата помеѓу велешките села Мамутчево, Милино и Лозово, ја оштети пругата Велес – Кочани. Повторно се изгорени стотици дрвени прагови во Овчеполието, кои треба да се заменат.

„Оштетувања се регистрирани во должина од 2,5 километри. Дополнително ќе се пребројат изгорените дрвени прагови. Пругата на оваа релација е затворена за сообраќај“, соопштија од Македонски железници.

До пожарот дошло откако земјоделец запалил стрниште, а огнот од силниот ветер се проширил по соседните површини и кон боровата шума стара најмалку 50 години. Проценките се дека е изгорена шума во двете општини Велес и Лозово околу стотина хектари. Железнички патнички сообраќај од и кон Кочани не се одвива две и пол години.

Извор: sdk.mk

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе