Радио Кочани
Кочани

Наскоро Виница ќе добие современа теретана на отворено

1,446
Општина Виница потпиша договор за Јавна набавка за изведба на работи со ДПИ „АГП“ ДООЕЛ Свети Николе за реконструкција на старото тениско игралиште во нов современ кошаркарски терен и теретана на отворено. Врз основа на овој договор и потпишаниот Меморандумот за соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница- Штип, наскоро Виница ќе добие теретана на отворено и современ кошаркарски терен, информира винчкиот градоначалник, Миле Петков..

Тоа ќе биде место каде ќе може многу млади па и повозрасни луѓе да се рекреираат со најсовремени фитнес апарати и фитнес опрема. Место кое ќе служи како центар за социјална интеракција, пријателски натпревари и негување на тимската работа и спортскиот дух, нагласува Петков.
Вкупната вредност за финализирење на овој проект е околу 2.000.000 денари.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе