Радио Кочани
Кочани

Мото рели Македонија – Независност 2023 во Кочани (ВИДЕО)

2,307

Од денеска па се до недела Мотоциклистичката Федерација на Македонија го одржува традиционалното меѓународно „Мото рели независност 2023″.

Во околу 12 часот во пред големиот паркинг во Градскиот Трговски центар -Кочани пристигнаа над 500 мотоциклисти од земјава и странство, а кочанските вљубеници на мотоциклизмот имаа можност да уживаат во звукот и глетката од над 500 мотоцикли на едно место.

Мото клубот ЖЕЛКИ од Кочани во соработка со Општина Кочани, оваа година традицонално по четврти пат ја организираа првата попатна пауза, која беше во нашиот град а мотоциклистите се освежија со доручек и пијалок.

ЦЕЛОКУПНАТА АГЕНДА ОД ПРОГРАМАТА НА ОВА МОТО РЕЛИ Е СЛЕДНАВА:

Ден 1: Скопје-Куманово- Свети Николе-Кочани пауза доручек -Виница – Берово пауза ланч пакет – Срумица пауза Освежување-Дојран ноќевање и вечера во 20.00час. Плажа “Стаге” каде ке има организирана забава

Ден2: Дојран-Гевгелија-Неготино-Кавадарци пауза ланч пакет и освежување-Прилеп-Битола ланч пакети освежување – Ресен-Галичица – Охрид ноќевање. Вечера и организирана забава во Ресторан Билјанини Извори Охрид во 20.00 час.

Ден3: Охрид-Кичево пауза ланч пакет и освежување-Стража-Тетово-Скопје

 

Учесниците во три дневното возење со попатни паузи, како и организиран престој и храна ја возат рутата во чест на Независноста на Република Македонија.

Ви пренесуваме дел од атмосферата на Мото Релито во Кочани.


Д.Михајлов

 

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе