Радио Кочани
Кочани

„КУД РУЕН„ учествува на престижниот фестивал „Sakarya Viktory“ во „Анкара Турција“

744

Фолклорниот ансамбл „КУД РУЕН “ од Кочани, предводен од маестро Тихомир Алексов, како претставник на Македонија,  учествува на престижниот 102 ри по ред меѓународен фестивал на фолклорот „Sakarya Viktory“ кој  се одржува во Анкара,  Република Турција.

Фестивалот  започна  денеска и ќе трае до 12 септември, а меѓу останатите учесници се и фолклорните ансамбли од Египет, Полска, Украина, Порторико, Шпанија, Азербејџан, Казахстан и Турција.

Кочанските  играорци изминатите два месеци  имаа интензивни секојдневни проби, само со една цел –  да се претстави  Македонија и Кочани  во најдобро светло, пред граѓаните на пријателска Турција и секако, пред останатите учесници од целиот свет.

Д.Михајлов

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе