Радио Кочани
Кочани

ОГЛАС ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ХЕПЕНИНГ „ДЕНОВИ НА ОРИЗОТ 2023″ ПО ПАТ НА ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

561
По повод исполнување на програмата на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ и претстојните културни настани кои ќе се случуваат во Градскиот парк во периодот од 29 септември до 1 октомври, Општина Кочани распиша оглас за организирање Хепенинг „Денови на кочанскиот ориз 2023“ кој ќе се одржи од 27 септември до 5 октомври.
Почетната цена за јавно наддавање изнесува 5.000 денари + ДДВ, со праг на наддавање од минимум 1.000 денари. Право на учество имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар кои ќе уплатат 10% од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. За успешно јавно наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници.
Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди минимум пет монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна и пијалаци, сувенири, ракотворби и сл.
Јавното наддавање ќе се спроведе на 11.09.2023 во 12 часот во просториите на Општина Кочани.
Сите останати потребни информации за огласот се наоѓаат на веб страницата на Општина Кочани на следниот линк:
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе