Радио Кочани
Кочани

Јавен повик за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на Спортската сала во ОУ,,Св.Кирил и Методиј“

423

                                                                  ЈАВЕН ПОВИК

за учество на јавно наддавање за распределба на термини за користење на салата

во ОУ „Никола Карев“ – Кочани

 

 

  1. Предмет на овој јавен повик е: Учество на јавно наддавање за распределба на термините за користење на салата во ОУ „Никола Карев“ – Кочани.

За користење на салата во ОУ „Никола Карев“ – Кочани се распределуваат следните термини :

 

Работни денови : Понеделник Вторник Среда Четврток Петок
1 термин од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот од 19:30 до 20:30 часот
2 термин од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот од 20:30 до 21:30 часот
3 термин од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот од 21:30 до 22:30 часот

 

 

 

Неработни денови : Сабота Недела
1 термин од 12:00 до 13:00 часот од 11:00 до 12:00 часот
2 термин од 13:00 до 14:00 часот од 12:00 до 13:00 часот
3 термин од 14:00 до 15:00 часот од 13:00 до 14:00 часот
4 термин од 15:00 до 16:00 часот од 14:00 до 15:00 часот
5 термин од 16:00 до 17:00 часот од 15:00 до 16:00 часот
6 термин од 17:00 до 18:00 часот од 16:00 до 17:00 часот
7 термин од 18:00 до 19:00 часот од 17:00 до 18:00 часот
8 термин од 19:00 до 20:00 часот од 18:00 до 19:00 часот
9 термин од 20:00 до 21:00 часот од 19:00 до 20:00 часот
10 термин од 21:00 до 22:00 часот од 20:00 до 21:00 часот
11 термин   од 21:00 до 22:00 часот

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  1. Почетна цена на наддавање:

Надоместокот за користење на салата за спортските здруженија односно клубови ќе се плаќа од тренинг односно за време од 90 минути, а за рекреативците за време од 60 минути.

  • За спортските здруженија (клубови): по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 520,00 денари.
  • За група рекреативци: по завршување на наставата во училиштата се определува почетна цена од 520,00 денари, а во деновите на викенд почетна цена од 650,00 денари.

 

  1. Ден и место на одржување на јавното наддавање
    • Јавното наддавање ќе се одржи на ден 07.09.2023 година во салата за состаноци(наставничка канцеларија) во ОУ „Никола Карев“ -Кочани со почеток во 10:00 часот.

Јавното наддавање ќе го спроведе Комисија формирана од директорот на училиштето. За јавното наддавање комисијата ќе води записник кој ќе го достави до директорот на училиштето.

 

  1. Услови за учество на јавното наддавање и уплата на депозит:
    • На јавното наддавање можат да се јават само спортски клубови кои се натпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари.

Доколку нема заинтересирани клубови кои се натрпреваруваат во лига или друг систем на државни натпревари на јавното наддавање право на учество имаат и здруженија на граѓани и рекреативци.

  • За да може да учествува на јавното наддавање секој понудувач треба да уплати депозит во износ од 12.000,00 денари на сметката на училиштето и тоа на :

Сметка на буџетски корисник: 7360105177-787-11

Приходно конто: 723119

Програма: Н1 (N1).

  • Ако понудувачот нема уплатено депозит нема право да учествува на јавното наддавање.
  • Доколку најповолниот не го склучи договорот со директорот на училиштето за користење на салата за термините за кој понудил највисока цена го губи правото да му се врати депозитот.
  • Минимален чекор на наддавање изнесува 100 денари.

 

 

  1. Документи кои се поднесуваат:
  • Пријава за учество (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за давање согласност за заштита на лични податоци (образецот е во прилог на повикот),
  • Изјава за прифаќање на условите по овој повик (образецот е во прилог на повикот),
  • Доказ (ууплатница за уплатен депозит)

 

  1. Крајниот рок за прием на пријави по овој повик е: Пријавата за учество на јавно наддавање се поднесува до Комисијата за јавно наддавање во ОУ „Никола Карев“ -Кочани до 07.09.2023 година до 10:00 часот

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе