Вие сте на официјалниот портал на Радио Кочани.
ПРОМЕДИКА Офталмологија со бесплатни очни прегледи во Делчево и Виница
Тимот на ПРОМЕДИКА Офталмологија продолжува со теренските бесплатни офталмолошки скрининзи и во наредниот период ќе ги посети Делчево и Виница.
Во петок, 10 јули, стручниот тим ќе биде во Делчево, каде што бесплатните скрининзи ќе започнат во 10:30 часот.
Потоа, во вторник, 14 јули, ПРОМЕДИКА Офталмологија ќе ги реализира бесплатните прегледи во Виница, со почеток во 10:00 часот.
Од ПРОМЕДИКА Офталмологија ги повикуваат сите граѓани да ја искористат можноста за бесплатен скрининг и навремена проверка на здравјето на очите, бидејќи раното откривање на очните заболувања е од големо значење за зачувување на видот.
