Радио Кочани
Кочани

ФА „Љупчо Сантов“ – Освоени титулите мис и мистер на вечерта на МФФ „Босилеградско Крајиште пее и игра“

635

Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов од Оризари уште еднаш успешно го презентираа изворниот фолклор од Осоговијата .


– На 28-ми јули ансамблот беше дел од XIV-от Меѓународен фолклорен фестивал „Босилеградско Крајиште пее и игра“ во Босилеград Србија, каде што покрај настапите имаше натпреварувачки дел (освоено прво место во категоријата мис и мистер на вечерта  за Драган Стаменков и Мила Велкова во изворни носии).

Членовите на Ансамблот беа гости на Фолклорната секција Младост од Босилеград.


– Од 29-ти до 31-јули, Ансамблот беше гостин на забратименото КУД Чарапанка, с. Крвавица, Крушевац, каде што по повод верскиот празник Огнена Марија се одржа концерт во домот на културата во с. Крвавица. Членовите на Ансамблот заедно со домаќините од Крвавица дел од слободното време го искористија за посета на аква паркот во Рибарски бањи.


Активностите на Ансамблот профолжуваат со учество на Меѓународен Фолклорен фестивал во Тиват, Црна Гора.

 

 

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе