Радио Кочани
Кочани

Маратонецот Бошко Илиев третпат го преплива езерото „Гратче“

412

По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, пливаше во вештачката акумулација Гратче. Годинава на маратонецот Илиев му се придружија и професори по физичко од Кочани, а техничка поддршка му дадоа службите од Дирекција за заштита и спасување и од СЗР „Кочански рибар“.

– Намерата  ми е да го промовирам пливањето како здрава спортска и рекреативна дисциплина, а  паралелно со тоа и да ги популаризирам природните убавини на езерата. Како лекар, но и како продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање, сакам да им порачам на младите да ги користат условите со кои располага нашата татковина и што повеќе да го практикуваат и спортските и рекреативните пливачки активности – изјави Илиев.

Градоначалникот Љупчо Папазов му изрази благодарност на д-р Илиев, кој на специфичен начин го промовира Гратче како туристички потенцијал на Кочани.

Настанот е реализиран и како дел од проектот „Спортскиот риболов – еликсир за младите“ што е поддржан од ReLoad на УНДП и Општина Кочани.

Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе