Радио Кочани
Кочани

Документарецот „Добри луѓе“ за Кочани на Милчо Манчевски со светска премиера во Сараево

681

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера на Сараевскиот филмски фестивал на 16 август.

Станува збор за еден од најреномираните фестивали во Југоисточна Европа, а „Добри луѓе“ ќе се натпреварува во официјалната селекција за наградите.

„Добри луѓе“ е филм кој се однесува на трагедијата во Кочани, а Манчевски го направи во знак на почит кон жртвите и хероите од пожарот.

„За деца, за внуци“, вели Манчевски.

Тој и минималната екипа за документарен филм, нагласуваат од неговиот тим, го создадоа „Добри луѓе“ без учество на државата, во период додека „беше ставен на црна листа од Агенцијата за филм“.

Мојата прва мисла беше за жртвите, преживеаните и хероите, за тоа како никој од нас не може целосно да ја почувствува големината на оваа болка. Сакав да ги слушнеме најзасегнатите, да им дадам глас на добрите луѓе. Почнавме да ги снимаме уште веднаш, само еден месец по трагедијата. Тоа беше најмалку што можевме да понудиме како знак на огромна почит и солидарност. Овој филм е нивен. Ние бевме таму само за да дадеме поддршка, да ги пренесеме нивните зборови, мисли, искуства и емоции“, вели Манчевски во изјавата што ја пренесуваат од неговиот тим.

© 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе

Kocani Radio