Радио Кочани
Кочани

Фолклористите од ФА „Љупчо Сантов“ на одличен начин го презентираа изворниот фолклор и традиционалните јадења од кочанскиот крај…

691

Денеска, Фолклорниот Ансамбл Љупчо Сантов, Оризари заедно со играорната група од Зрновци, во емисијата Качамак која што се емитува секоја сабота и недела на една од националните телевизии, уште еднаш на успешен начин го презентирaa изворниот фолкор од кочанскиот крај.

Тие со ората: Шопчето, К’рстачка и Доце Доце; па потоа и со нашите традиционални јадења (зелник, погача, баница, оризник со копан, сутлијаш, парена торта, бомбици, колач со желе, и др.) направени од мајките на членовите на Ансамблот од Зрновци ги воодушевија присутните и приредија одлична забава за гледачите.

Д.Михајлов

 

 

 

 

© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Радио Кочани. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
Може ќе ви се допадне

Интернет страницата користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Со прифаќање се согласувате со политиката на приватност колачиња. Прифаќам Повеќе